12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Уште четири брода натоварени со жито испловија од украинските пристаништа

Уште четири брода натоварени со жито во согласност со Договорот за извоз на жито во Истанбул испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението не е прецизирана дестинацијата на бродовите, но се наведува дека испораките од украинските пристаништа се одвиваат според планираното.

Турција, Обединетите нации, Русија и Украина во јули постигнаа договор за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море, кои беа суспендирани поради руско-украинската војна што започна во февруари.

Страните преговараат за можно продолжување на договорот, кој истекува на 19 ноември, со руско жито и ѓубриво.

Од 1 август, 365 бродови со повеќе од осум милиони тони производи испловија од Украина.

Спонзорирано: