14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мелони стана првата жена премиер во историјата на Италија

Италијанската крајнодесничарска политичарка, Џорџија Мелони, денеска положи заклетва како нова премиерка на Италија, со што стана првата жена на оваа функција во историјата на земјата.

Лидерката на партијата „Браќата на Италија“ ја положи заклетвата пред италијанскиот претседател Серџо Матарело.

Министрите на нејзината нова влада, исто така, положија заклетва во претседателската резиденција.

По минатомесечните избори, земјата сега ќе биде управувана од коалиција која ги вклучува екстремно десничарската партија „Лига“ и централнодесничарската партија „Напред Италија“.

Вршителот на должноста премиер Марио Драги треба да и’ ја предаде власта на Мелони во палатата Чиги – официјалната резиденција на италијанскиот премиер в недела, кога се очекува првиот состанок на владата или советот на министри.

Владата на 45-годишнaта Мелони допрва треба да биде потврдена со гласање за доверба во двата дома на парламентот, што, според набљудувачите, би можело да се случи веќе следната недела.

Десничарската коалиција освои најголем дел од гласовите на изборите во септември, давајќи и’ апсолутно мнозинство во парламентот, што го прави малку веројатно мислењето дека гласањето на доверба би можело да биде пречка за новата влада.

Спонзорирано: