20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Белорусија не планира да војува со никого

Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не ѝ треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација.

Тој предложи да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“.

„Мораме да се смириме и да си ја завршиме работата ако сакаме да нема војна“, рече Лукашенко.

Претходно белорускиот претседател постојано изјави дека нема потреба од мобилизација.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана соопшти дека може да повика резерва од 500.000 обучени борци доколку е потребно.

Се додава дека резервистите сочинуваат околу 60 отсто од белоруската армија.