15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Украина тврди: Од 13 септември биле соборени 223 беспилотни летала од иранско производство

Украинската војска објави дека од 13 септември ширум земјата се соборени 223 беспилотни летала камикази (UAV) од иранско производство наречени „Шахед-136“.

Во соопштението на украинските воздухопловни сили се наведува дека првиот камиказе беспилотно летало „Шахед-136“ бил соборен на 13 септември во областа Купјанск, во источна Украина.

Откриено е дека вкупно 223 беспилотни летала камикази „Шахед-136“ биле соборени низ целата земја.

Минатиот месец Украина одлучи да ја повлече акредитацијата на иранскиот амбасадор во Киев, Манучер Моради и значително да го намали бројот на дипломати во амбасадата, со образложение дека администрацијата на Техеран „испорачувала оружје на Русија“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба наводно му предложил на претседателот Володимир Зеленски да ги прекине дипломатските односи со Иран од истите причини.

Техеран, од друга страна, ги негира наводите дека дронови камикази и биле испорачани на Русија.

Спонзорирано: