22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

СЗО: Короната останува закана

Светската здравствена организација објави дека корона вирусот останува глобална закана речиси три години по појавата на пандемијата.

СЗО соопшти дека сите земји треба да продолжат внимателно да ја следат ситуацијата поврзана со корона и да промовираат дека најранливите групи од населението треба да се вакцинираат.

Иако постојат мислења во јавноста дека пандемијата завршила во некои делови од светот, короната продолжува да го загрозува здравјето на светското население, истакна агенцијата на Обединетите нации, наведувајќи дека голем број луѓе се уште умираат од корона во споредба со бројот на смртни случаи од други вируси.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата изненадила на почетокот и може повторно.

Спонзорирано: