23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Јенс Столтенберг предупреди на тешки последици доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина

Генералниот секретар на Северноатлантскиот договор (НАТО) Јенс Столтенберг уште еднаш ја предупреди Руската Федерација дека ќе се соочи со сериозни последици доколку употреби нуклеарно оружје во војната против Украина.

„Ризикот од каков било нуклеарен напад врз Украина е низок, но секако потенцијалните ефекти, последиците се многу големи. Значи, ова е ризик што мораме да го сфатиме сериозно и тоа го правиме со тоа што јасно ѝ ставивме до знаење на Русија дека ќе има сериозни последици за тоа ако се користи нуклеарно оружје врз Украина“, рече Столтенберг за време на видео обраќањето во живо на Форумот за надворешна политика во Берлин во 2022 година.

Столтенберг исто така рече дека НАТО ја предупреди Русија дека нуклеарна војна не може да се добие и дека никогаш не смее да се води.

Генералниот секретар на НАТО повтори дека воената алијанса е подготвена за сите можни опции кога е во прашање руската војна против Украина.

Столтенберг ја отфрли можноста за активирање на нуклеарниот чадор на НАТО за Украина како одвраќање против Русија, нагласувајќи дека таков нуклеарен штит е наменет само за земјите-членки.

Тој наведе дека главен приоритет на НАТО е да обезбеди поголема воена поддршка за Украина, велејќи дека сите треба да направат повеќе на овој план.

Столтенберг рече дека последната рунда руски ракетни напади врз големите украински градови е најсериозната ескалација од почетокот на војната во февруари.

Спонзорирано: