25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

ЖЕНА ХЕРОЈ: Трудница доживеа несреќа, им помогна на повредените и се породи за неполни 24 часа (ФОТО)

Идната мајка успеала да излезе од својот оштетен автомобил и отишла директно кај другиот возач кој бил заробен во друго превртено возило.

Деветмесечна бремена жена пожарникар која учествувала во несреќа е прогласена за „вистински јавен службеник“ откако храбро се вклучила да им помогне на другите во несреќа.

Меган Ворфилд, пожарникар во американската сојузна држава Мериленд, имала само една недела од терминот кога доживеала сообраќајна несреќа.

Идната мајка успеала да излезе од својот оштетен автомобил и отишла директно кај другиот возач кој останал заробен во друго возило кое се превртело.

Таа почнала да дава прва помош и останала со нив додека не пристигнале екипите на итната помош да ја ослободат жртвата.

Меган била проверена дали има повреди и неполни 24 часа подоцна – родила девојче.

Волонтерската противпожарна служба, чиј член е Меган, ја поздрави како „вистинска државна службеничка“.

– Бидејќи ниедно добро дело не смее да остане непризнаено, сакавме да ги истакнеме херојските и несебични постапки на Меган – напиша одделот во објавата на Фејсбук.

– Меган штотуку го заврши организирањето и одржувањето на вториот годишен меморијален турнир во голф на нејзиниот покоен татко кога доживеа несреќа. Не водејќи сметка за каква било можност за повреда, Меган веднаш излегла од своето оштетено возило и почнала да се грижи за лицето заробено во нејзиниот превртен автомобил. Неполни 24 часа подоцна Меган роди прекрасно девојче – се наведува во соопштението.

Коментирајќи ја објавата, момчето на Меган Ворфилд, Џошуа Доерти, рече дека и мајката и бебето се здрави и среќни.

– Ви благодариме на сите за поддршката. На Baby CJ му оди одлично! Меган се одмара и едвај чека да се врати на теренот и да го работи тоа што го сака – напиша тој.