17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Загинаа 13 лица, меѓу кои три деца: Расте бројот на жртви во падот на авион во зграда во Русија

Бројот на загинатите во пожарот предизвикан од падот на борбен авион на станбена зграда во градот Јејск, на југот на Русија, достигна 13, а меѓу нив има и три деца, извор од Министерството за вонредни состојби.

Во акцијата за спасување биле пронајдени тела, а загинале вкупно 13 лица, меѓу кои и три деца, изјави претставникот на Министерството, додавајќи дека 19 лица се повредени.

Тој додаде дека 68 лица се спасени, а повеќе од 360 луѓе се евакуирани.

Борбениот авион Су-34 се урна во Јејска откако доцна синоќа полета на тренинг лет од воениот аеродром.

Еден од неговите мотори се запалил, а горивото се запалило по падот. Пожарот се проширил на блиската станбена зграда и зафатил девет ката.

Пилотите се катапултирале. Претседателот Владимир Путин нареди да им се обезбеди потребната помош на погодените.