23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Продолжуваат борбите, најтешки се во регионот на Донбас

Украинската армија сè уште го држи стратешкиот источен град Бахмут и покрај повторените руски напади, додека ситуацијата во регионот на Донбас е сè уште многу тешка, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во видео-обраќање рече дека руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да ги гаѓаат украинските градови, предизвикувајќи уништување и жртви.
„Продолжуваат активните борби во различни области на фронтот. Ситуацијата е сè уште многу тешка во регионите Доњецк и Луганск“, рече Зеленски.

Тој додаде дека најтешка е ситуацијата во правец на Бахмут, како и претходните денови, но дека тие ги држат своите позиции.

Претседателот на Украина, исто така, тврди дека речиси 65.000 Руси се убиени од почетокот на конфликтот во таа земја, што е многу поинаку од официјалната проценка на Москва, наведува британската агенција.