20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Србија: Нашата амбасада во Киев беше привремено затворена во март

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека амбасадата на Србија во Киев, главниот град на Украина, е привремено затворена во март и дека оттогаш нема промена.

На Твитер профилот Министерството денеска излезе со соопштение во врска со веста во некои медиуми дека „Амбасадата на Србија во Киев е привремено затворена“.

– Потсетуваме, денеска во одредени медиуми беше објавена веста дека Амбасадата на Република Србија во Украина е привремено затворена, од март и оттогаш нема никаква промена – соопштено е.

На 13 февруари Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Република Србија кои престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, а на оние кои имаа намера да патуваат во Украина им беше препорачано да го одложат патувањето.