24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Заменикот на Лавров: НАТО веќе е поразен во Украина

Северноатлантската алијанса веќе претрпе пораз во Украина поради пропаѓањето на западниот проект за претворање на Украина во „антирусија“, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

„НАТО веќе е поразен во Украина. Овој пораз е поврзан со пропаѓањето на проектот за претворање на Украина во антируски“, изјави Грушко во интервју за ТАСС, пренесува Танјуг.

Тој исто така изјави дека НАТО можел да го спречи конфликтот во Украина, но дека Алијансата свесно го турка Киев да ескалира.

„НАТО можеше да ја избегне оваа катастрофа ако алијансата, по државниот удар во Киев, наместо да обезбеди воено-техничка поддршка на властите, повика на целосно спроведување на договорите од Минск, но за нив беше важно да ја демонизираат Русија. Алијансата со своите непромислени постапки го турна Киев да ја продолжи братоубиствената војна“, рече Грушко.