20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојка во Индија била силувана од членовите на семејството и запалена бидејќи била бремена

15-годишно девојче од Индија е во критична состојба во болница во северна Индија, откако членовите на семејството ја силувале и ја запалиле, јави Си-Ен-Ен.

Мајката на девојчето рекла дека лекарите прават се за да и ја спасат ќерката, но дека најверојатно нема надеж.

Девојчето се здобило со изгореници на 80 отсто од кожата.

Полицијата во индиската држава Утар Прадеш уапси 18-годишен маж и неговата мајка во понеделникот под сомнение дека се обиделе да убијат девојка, полевајќи ја со керозин и ја запалиле бидејќи била бремена.

Полицијата соопшти дека таа забременила пред три месеци откако била силувана од 18-годишен роднина.

Во Индија во просек има по едно силување на секои 17 минути, а палењето жени е вообичаено, најмногу во руралните области, пренесува медиумот.