8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руската влада: Пред крајот на годината ќе завршат главните работи на мостот на Крим

Големите работи за реставрацијата на кримскиот мост ќе бидат завршени, се претпоставува, пред крајот на годината, изјави вицепремиерот на руската влада, Марат Хуснулин.

„Првите столбови од новиот мост се веќе произведени во фабрики и веќе се на пат кон мостот на Крим. Сметаме дека главните работи на кримскиот мост ќе бидат завршени до крајот на годината“, рече тој, пренесе ТАСС.

Хуснулин истакна дека во оваа фаза во реставрацијата на објектот се вклучени 250 луѓе и 20 парчиња опрема. Во наредните недели бројот на луѓе ќе се зголеми на 500 лица.

Тој рече и дека на 15 октомври се планира да се отвори движењето на камиони на мостот на Крим.

На 8 октомври, околу 6 часот по локално време, на автомобилскиот дел на кримскиот мост беше разнесен камион, при што делумно се урнаа два распона на конструкцијата.

Спонзорирано: