10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Директен судир меѓу руската армија и НАТО е опасен чекор

Директен конфликт меѓу силите на НАТО и руската армија е многу опасен чекор бидејќи ќе доведе до глобална катастрофа и се надевам дека ќе биде паметно да не се преземе такво нешто, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин, на прес-конференција во Астана, каде што учествуваше на самитот за соработка и градење доверба во Азија, на состанокот на лидерите на ЗНД и на самитот „Русија – централна Азија“, рече дека не гледа потреба да се сретне со претседателот на САД, Џозеф Бајден, на самитот Г20 сѐ додека нема платформа за такво нешто.

„Прашањето за моето одење во Индонезија не е дефинитивно решено, а Бајден треба да се праша дали е подготвен за преговори со Русија бидејќи засега нема платформа за тие разговори“, смета Путин, пренесува „Спутник“.

Путин нагласи дека задачата на операцијата во Украина не е да ја уништи таа земја и најави завршување на делумната мобилизација во Русија додавајќи дека 222.000 од планираните 300.000 се мобилизирани и дека процесот ќе биде завршен за две недели.

По терористичкиот акт на мостот на Крим, соодветните служби добија задача да ја зајакнат контролата и да ја обезбедат безбедноста на сите инфраструктурни објекти, како и на енергетските и транспортните објекти, изјави шефот на руската држава.

Путин објасни дека Федералната служба за безбедност заклучила оти експлозивната направа за нападот на мостот на Крим, најверојатно, била испорачана по море, но засега не се знае дали е користен брод за транспорт на жито.

Коментирајќи ја можноста за посредување во преговорите меѓу Русија и Украина, Путин рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одиграл значајна улога за повеќе прашања.

Спонзорирано: