10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милановиќ: Србите никогаш не би ги нарекол четници

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска на Истра, на отворањето на Меѓународниот саем за пршута, зборуваше за односите со Србија. Тој вели дека треба да се внимава какви пораки се испраќаат.

„Никогаш не би ги нарекол Србите четници, а од Белград постојано слушаме дека сме усташи. Ние сме во посилна меѓународна позиција, тие треба да донесат одлука, а часовникот отчукува“, рече Милановиќ.

Вели дека ќе оди во Вуковар на годишнината од смртта на Благо Задро. Истиот ден во Вуковар доаѓа и српскиот митрополит Порфириј за да ги освети православната црква „Свети Никола“ и Српскиот дом.

„Бев поканет на пристигнувањето на Порфириј. Мислам дека во моментое малку е непријатно. Сѐ додека неговите епископи им доделуваат почести на луѓе како Шешељ, тие односи не може да бидат нормални“, рече Милановиќ.

„Никогаш не ми паѓа на памет да кажам дека Војводина не е Србија, Војводина е Србија, макар некогаш Суботица била најголемиот хрватски град по Загреб. Но, тоа се смени. Или кога ќе слушнете дека Истра не е Хрватска… Имаше Италијанци, но оваа покраина беше или пола-пола или мнозинско словенечко-хрватско, што е повеќе од Војводина. Но, Истра е Хрватска, а Трст е наш“, додаде тој.

Спонзорирано: