11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Војната во Украина може да се заврши за една недела

„Конфликтот во Украина може да се реши за една недела, се зависи од позицијата на САД и Велика Британија. Ако разбирате и се согласувате дека утре треба да седнат на преговарачка маса и да се договорат, верувајте дека ќе се договориме за една недела“ рече претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко.

Во исто време тој повика на прекин на конфликтот во Украина.

„Војната е секогаш лоша. Неодамна реков дека светот сега е преокупиран со проблемот и бара одговор на прашањето кој е виновен. Подоцна ќе утврдиме кој е виновен. Да ја прекинеме војната и да се договориме. а потоа ќе одлучиме кој е во право, а кој не“ – рече Лукашенко.

Белорусија нема намера да се меша во конфликтот особено што тоа не го бара ниту Русија, изјави тој.

„Ниту сме убиле некого во Украина, ниту ќе убиеме, но очигледно, тие не сакаат да слушаат и слушаат“, изјави Лукашенко во интервју за американската компанија „Ен-би-си“, пренесе агенцијата „Белта“.

Тој додаде дека Белорусија ја поддржува Русија на секој можен начин.

„Нашата поддршка е да се осигураме дека нашите граници со Полска и Литванија не се прекршуваат и дека руските војници не се напаѓаат одзади преку Белорусија. На почетокот беше така. Денес, нашето учество (во специјалната операција) е сведено на лекување Русите и „Украинците, ние ги храниме Русите и Украинците и во голема мера им даваме засолниште на бегалците од Украина. 400-500 луѓе доаѓаат кај нас секој ден. Ние ги третираме целосно еднакво. Тоа е нашето учество“ – рече белорускиот лидер.