5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Објавено видео: Погледнете го моментот кога се урна мостот при што загинаа две жени

Денеска две жени од БиХ загинаа, а десет се повредени во тешка несреќа што се случи во Овчар Бања во Србија, кога висечкиот мост на Западна Морава се урна во реката поради големиот број луѓе.

Станува збор за патници од Зворник, кои заминале на обиколка на српските манастири.

Во денешната несреќа кај Овчар Бања загинаа Љубица Мијатовиќ и Милена Ериќ.

Голем број спасувачи, полицајци и повеќе од 80 лекари и медицински сестри веднаш се зафатиле со извлекување на патниците и укажување медицинска помош. Точната причина за смртта ќе биде утврдена со последователни анализи.