22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон до Лукашенко: Ќе се соочите со проблеми ако навлезете подлабоко во војната

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе се соочи со „проблеми“ во Белорусија доколку се вклучи во војната во Украина, пренесуваат француските медиуми.

„Доколку претседателот Лукашенко одлучи подлабоко да се вклучи во оваа војна, тој ќе го стори тоа против советите на голем дел од својот народ“, рече Макрон на телевизијата „Франс 2“.

Со тоа, Лукашенко би ја „презел одговорноста“ што, според Макрон, „нема да помине без проблеми“.

На 24 февруари 2022 година, руските трупи ја нападнаа Украина, меѓу другото, од територијата на Белорусија, нејзин сојузник, пренесува медиумот.