24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Борел: Западот ќе ги уништи руските сили ако Москва употреби нуклеарно оружје

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска ја предупреди Москва дека руските сили ќе бидат уништени со воен одговор од Западот доколку претседателот Владимир Путин нареди употреба на нуклеарно оружје против Украина.

„Секој нуклеарен напад против Украина ќе предизвика одговор. Не нуклеарен одговор, туку воен одговор толку насилен што руската армија ќе биде уништена“, рече шефот на дипломатијата на ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера изјави дека Русија ќе се соочи со тешки последици доколку ја нападне Украина со нуклеарно оружје. Сепак, НАТО не се закани дека ќе го користи сопствениот нуклеарен арсенал како одговор на потенцијалниот нуклеарен напад врз Украина, која не е членка на НАТО.