24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

„Ако Русија користи нуклеарно оружје – Путин би можел да стане легитимна цел“

Рускиот претседател Владимир Путин ќе стане легитимна цел доколку Русија употреби нуклеарно оружје, изјави поранешниот советник на Белата куќа Џон Болтон.

„Тој (Путин) е центар на одлучување и контрола на руската војска. Она што ние го нарекуваме легитимна воена цел. Мислам дека иако има многу други работи што можеме да ги направиме, тој треба да знае дека е на нашата целна листа во таков случај“, изјави Болтон за западните медиуми.

Болтон го изјави ова во контекст на дискусиите за можноста за користење нуклеарно оружје во ситуацијата околу Украина и одговорот на Соединетите Американски Држави доколку тоа се случи.

„Мислам дека треба јавно да му ставиме до знаење не само на Путин, туку и на раководството на Русија, на народот на Русија: ако Путин одобри употреба на нуклеарно оружје, тој ќе го потпише своето проштално писмо“, нагласи Болтон.