17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Вративме многу територии во регионот Херсон, има успеси и на исток

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека украинската армија забрзано враќа сè повеќе територии, особено на југот на земјата, во време кога во Русија се слушаат критики против военото раководство поради начинот на кој се води оваа војна.

Во видео обраќањето, Зеленски објави дека силите на Киев само во октомври повторно зазеле повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици населби во јужниот регион Херсон.

„ Успех има и на истокот. Сигурно ќе дојде денот кога ќе известуваме за успесите во регионот Запорожје, на југоистокот на Украина, во оние области кои окупаторите се уште ги контролираат – рече украинскиот претседател.

По контраофанзивата, украинските сили повторно зазедоа илјадници квадратни километри територија од почетокот на септември, а руските војници се повлекуваат на многу линии на фронтот, прво на североистокот, а од почетокот на оваа недела и на југот на Украина.

Спонзорирано: