10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТ

Џонсон му заблагодари на Путин за инспиративното лидерство, па се поправи – сакал да каже Зеленски

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, синоќа му се заблагодари на претседателот на Русија Владимир Путин, наместо на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за неговото „инспиративно лидерство“, пренесува „Индепендент“.

„Благодарение на херојството на украинската војска, делумно благодарение на оружјето што гордо го испраќаме, му честитам на мојот пријател (Џејмс Хипи, секретарот за одбрана) за она што го прави британската војска, оружјето што го испраќаме, списокот е долг. Благодарам и, секако, на инспиративното лидерство на Владимир Путин“, рече Џонсон и застана, а потоа се поправи.

„Простете, инспиративното лидерство на Володимир Зеленски. Руските сили беа истиснати од поголемиот дел од североисточна Украина, околу Харков, во последните денови. Тие се под притисок во Керсон на југот и не се сомневам дека Украинците ќе победат“, рече Џонсон.

Спонзорирано: