17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанската полиција заплени 14 тони хашиш

Шпанската цивилна гарда денеска заплени 14 тони хашиш од Мароко и уапси 49 лица осомничени за шверц на оваа дрога, објави „Танјуг“.

Се претпоставува дека уапсените припаѓаат на најголемата криминална група во Шпанија, која се занимава со шверц на хашиш, и дека секој месец преку граница пренесуваат и до 20 тони дрога.

Полицијата соопшти дека шверцерите биле вооружени бидејќи не е невообичаено ривалските банди да се обидуваат да запленат шверцуван хашиш.

Во акцијата за апсење, која почна во декември минатата година, учествуваа околу 400 полицајци, јавува агенцијата.

Шверцерите биле добро организирани и поседувале брзи моторни чамци, големи резерви гориво и храна, се вели во соопштението на тамошната полиција.