3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Советот на ЕУ одобри заем од пет милијарди евра за Украина

Советот на Европската Унија денеска соопшти дека официјално ја усвоил одлуката за итно обезбедување од пет милијарди евра дополнителна макрофинансиска помош за Украина преку поволно долгорочно кредитирање.

Министрите за финансии на ЕУ на 9 септември постигнаа начелен договор за дополнителни пет милијарди евра помош за Украина на неформалниот состанок на Советот во Прага.

Денеска, и официјално беше усвоена оваа дополнителна помош откако за само 11 дена беа завршени потребните формални чекори, соопшти Советот на Европската Унија.

Оваа макрофинансиска помош од пет милијарди евра ќе ѝ биде доделена на Украина во форма на долгорочни заеми, кои се одобрени со значително поповолни услови од пазарните.

Тоа претставува втора фаза во спроведувањето на планираната макрофинансиска помош на Унијата за Украина во износ до 9 милијарди евра, што беше предложена од Европската комисија во мај и поддржана од Европскиот совет.

Спонзорирано: