20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Ќе продолжиме да даваме сеопфатна поддршка за Србија

Русија се залага за зачувување на суверенитетот на Србија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори, на која присуствуваше и амбасадорот на Србија во Москва, Момчило Бабиќ.

Добивај вести на вибер
Во рамките на меѓународното право, потпирајќи се, пред сè, на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, ќе продолжиме да им даваме на српските пријатели сеопфатна поддршка во зачувувањето на легитимните права и интереси на Србија, заштитата на нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет, рече Путин, пренесува „РИА новости“.

Путин истакна дека Русија и Србија се поврзани со стратешки партнерски односи засновани на традицијата на пријателство, културна, духовна и историска блискост на братските народи.

„Редовно разговарам со претседателот Вучиќ на лични средби и во телефонски разговори за клучните прашања за понатамошен развој на соработката. Ја цениме желбата на нашите српски пријатели да водат балансирана, независна политика на меѓународната сцена и ќе продолжиме да работиме заедно на продлабочување на политичкиот дијалог, проширување на соработката во економијата, трговијата, науката, техничката, културната и хуманитарната сфера“, рече Путин.

Тој напомена и дека Русија ќе ја поддржи Србија во одбраната на нејзините права и интереси.