5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доживотен затвор за маж во Германија кој извршил убиство по расправија за маска

На 18 септември минатата година 20-годишен студент кој повремено работел како продавач на бензинска пумпа во Идар-Оберштајн на западот од земјата побарал од 49-годишен клиент да стави маска на лицето.

По првото предупредување од продавачот, пријавениот отишол дома и се вратил со маска, која ја симнал на касата и по уште едно предупредување го застрелал младиот продавач.

Според полицијата, пријавениот делувал од бес и тврдел дека не се согласува со заштитните мерки од коронавирусот. Откако го убил ученикот, насилникот побегнал, но подоцна ѝ се предал на полицијата, пишува Тагесшау.

Во текот на судењето адвокатите на обвинетиот го отфрлиле обвинението за убиство и се залагале за убиство од небрежност. Но, судот заклучил дека сепак се работи за убиство и го осудил 50-годишникот на доживотен затвор.

Пријавениот признал дека пиштолот го зел од куќата бидејќи бил лут што младиот човек не сакал да му продава пиво без маска на лицето. Тој немал дозвола за поседување оружје.