14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две деца од Британија се удавија во Германија, нуркачи ги извлекле од езерото

Две деца, двајца браќа – британски државјани, починале во болница откако биле извлечени од езеро во Германија каде биле на одмор со своите родители, јавува Би-Би-Си.

Двајцата браќа, на возраст од седум и девет години, биле во посета на градот Ајзербахче, непосредно пред Ахен, кога нивните родители доцна синоќа пријавиле дека се исчезнати.

Спасувачките екипи ги пронашле момчињата во езеро, недалеку од границата со Белгија, и тие биле пренесени во болница каде и двајцата починале.

Според некои извештаи, момчињата не знаеле да пливаат.

Обвинителството во Ахен отвори истрага за да утврди дали има елементи на кривично дело, вклучително и небрежност.

Спонзорирано: