Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

252 санкционирани возачи во Скопје, 110 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање првенство на минување на пешаци, една санкција за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК