17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Комбе влета во кафуле во центарот на Брисел, шест лица се повредени

Комбе денеска влета во градината на едно кафуле во центарот на Брисел, по што на шест лица им беше потребна медицинска помош поради полесни повреди и шок, соопштија бриселската противпожарна единица и обвинителството.

Возачот на комбето избегал од местото по инцидентот, кој се случил нешто пред 13 часот по локално време, и по него се трага, изјави портпаролот на бриселското обвинителство.

Никој од повредените не барал болничко лекување.

Според извештаите, не е познато дали инцидентот бил намерно предизвикан, иако очевидци изјавиле за белгиските медиуми дека комбето влегло на улицата што води кон прометна област со продавници, со гуми што чкрипеле, а целта му била да влета во кафулето, по што возачот побегнал возејќи со голема брзина.