17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Активностите на руската армија на Арктикот се предизвик за НАТО

Руските активности во арктичкиот регион претставуваат стратешки предизвик за НАТО и Алијансата мора да го зајакне сојузничкото присуство на Арктикот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на неговата посета на Канада.

„Далечниот север од планетата е сè поважен за НАТО и за Канада, бидејќи гледаме значително зголемување на руската армија на Арктикот, со нови бази, нови системи за оружје“, рече Столтенберг во присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо во Колд Лејк, во канадската провинција Алберта.

Канадскиот премиер додаде дека геополитичката ситуација е променета во последните месеци, поради што вели дека признава дека „Русија е растечка загриженост и дека е дојдено време сето ова да се сподели со генералниот секретар на НАТО“, сојуз што ја вклучува и Канада.

Спонзорирано: