25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кадиров до Путин: Дајте ни можност да ја завршиме специјалната операција во Украина

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров побара од рускиот претседател Владимир Путин да му даде можност што поскоро да ја заврши специјалната операција во Украина.

„Го молам врховниот командант да ни даде можност да ја завршиме специјалната операција без одлагање. Ако 15 проценти од светската заедница е против нас, тоа не значи дека целиот свет е против нас. Можеме брзо да ги смириме тие 15 проценти, нема апсолутно никаков проблем“, рече Кадиров во аудио пораката, коментирајќи ги обвинувањата на Киев против него.

Претходно денеска, украинската служба за безбедност објави дека „собрала недвосмислени докази за воени злосторства“ на Кадиров, како и на Даниил Мартинов и Хусеин Межидов. Како што е наведено, во февруари и март оваа година шефот на Чеченија „го надгледувал развојот и планирањето на одредени воени операции на единиците и давал наредби“.

Денес, Мартинов работи како советник на шефот на Министерството за вонредни ситуации, а пред тоа беше помошник на лидерот на Чеченија и служеше во републичкиот оддел на руската гарда.

Во март Кадиров го именуваше Межидов за командант на чеченскиот баталјон „Југ“, пренесува РИА Новости.