18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

4 проектили го погодија складиштето за нуклеарен отпад во близина на електраната Запорожје

Четири украински артилериски гранати наводно погодиле складиште за гориво во близина на Енергодар во Украина, пишува РТ.

Како што се наведува, проектилите паднале во близина на радиоактивни изотопи, соопштија властите на Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната централа Запорожје.

Властите во градот Енергодар, кој е под руска контрола, соопштија дека гранатите дошле од украинска страна.

Нивото на радијација засега е нормално, што значи дека проектилите не предизвикале никаква штета.

Украинската страна засега не објави ништо за овој настан.