12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Стејт департментот предупредува: Убиството на лидерот на Ал Каеда може да предизвика напади врз Американците

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, вчера ја потврди веста за убиството на лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири со дрон во антитерористичка операција.

Американскиот Стејт департмент предупредува дека убиството на Завахири може да ги поттикне поддржувачите на терористичката организација да ги нападнат американските објекти или граѓани.

– По смртта на Завахири, поддржувачите на Ал Каеда или терористичките организации поврзани со неа може да се обидат да нападнат американски објекти, персонал или граѓани. Стејт департментот верува дека има поголем потенцијал за антиамериканско насилство со оглед на смртта на Ајман ал Завахири на 31 јули 2022 година, објави Стејт департментот во редовниот извештај.

Да потсетиме дека Завахири беше главниот идеолог на Ал Каеда со децении. Тој одигра клучна улога во нападите врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година, како и во нападот врз САД на 11 септември 2001 година.

Тој дојде на чело на организацијата по смртта на Осама бин Ладен во 2011 година, но не успеа да го врати статусот на Ал Каеда кој го имаше претходно.

Многу аналитичари тврдат дека 71-годишниот Завахири станал импотентен, но има тврдења дека тој се обидел да ја реорганизира Ал Каеда во партнерство со Талибанците, кои ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот август.