16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин нема да присуствува на погребот на Шинзо Абе

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на државниот погреб на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, објави Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин не планира да ја посети Јапонија и да присуствува на погребот.

Песков додаде дека нивото на присуство на Русија на погребот ќе се утврди малку подоцна.

„ Нивото ќе се утврди подоцна. Путин не оди“ – рече Песков.

Јапонската влада ги информирала сите земји со кои има дипломатски односи, вклучително и Русија, за државниот погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе закажан за 27 септември, соопштено е претходно денеска во Токио.

Абе им подлегна на повредите откако беше застрелан на предизборен митинг претходно овој месец.

Спонзорирано: