12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Приведен е капетанот на бродот кој удри во сплитското крајбрежје

Хрватската полиција објави нова информација за ноќната несреќа во која туристички брод со патници удри во сплитското западно крајбрежје, а се наведува дека капетанот на бродот е приведен.

На бродот имало околу 50-ина патници и сите успеале да се симнат од бродот до брегот, па нема повредени, пренесува Index.hr.

На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.

Истрагата што ја спроведе Капетанијата на пристаништата е во тек, додека капетанот на бродот е приведен во службените простории на полицијата заради спроведување на кривична истрага поради тоа што е констатирано дека е во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело прекршок Загрозување на посебни видови сообраќај, соопшти полицијата.