13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

САД испраќаат нова воена помош за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја задолжи својата администрација да обезбеди дополнителна воена помош за Украина, вклучително и ракетниот систем HIMARS, како и 580 беспилотни летала Феникс Ghost, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Според него, дополнителниот пакет американска воена помош вклучува 36.000 гранати за претходно доставени минофрлачи и противтенковски системи, пренесе ТАСС.

Се проценува дека новиот пакет на американската воена помош ќе чини околу 270 милиони долари, додаде Кирби.

Цената на беспилотните летала „Феникс“, кои се направени специјално за Украина, е околу 100 милиони долари, истакна американскиот функционер.

Спонзорирано: