13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Петкатна зграда се урна во Донбас во руски ракетен напад, има мртви

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 30 се заробени откако руски ракети „Ураган“ погодија петкатница во украинската област Доњецк, при што се урна зградата, изјави гувернерот на регионот.

Гувернерот Павло Кириленко на Телеграм објави дека нападот се случил во саботата вечерта во градот Часив Јар.

Тој рече дека е потврдено дека загинале шест лица, а петмина се ранети, а според информациите на жителите најверојатно во урнатините се затрупани најмалку 34 лица.

Спонзорирано: