12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Петков: Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес, а Македонија да остане надвор

Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Северна Македонија да остане надвор, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БТВ.

Како што рече, предлогот на француското претседателство е исклучително добар, и со него, бугарските позиции станале европски.

„Ако Македонија сака да се развива, европскиот пат е единствениот пат за таа држава“, рече Петков.

Тој ја пофали бугарската дипломатија за прашањето со Македонија.