25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон: Бугарија прифати, Македонија ќе одлучува

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство во Европската унија за Северна Македонија, во која ќе биде вклучена и Бугарија.

„ Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија.

Од Владата пак велат дека преку Министерството за надворешни работи добиле предлог со идеи од француското претседателство, кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.

Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“ се вели во владиното соопштение.