11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Британското разузнавање: Русија се подготвува

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија најверојатно е подготвена да се обиде да распореди голем број резервни единици во Донбас.

Силно гранатирање продолжува во време кога Русија се обидува да ја покрие областа Северодонецк преку Изиум на север и Попасна на југ, соопшти Министерството.

Во извештајот се наведува и дека руските власти не го објавиле вкупниот број на загинати војници во Украина од 25 март, но дека самопрогласената Народна Република Доњецк признала 2.128 загинати војници и 8.897 ранети до 16 јуни, од почетокот на 2022 година.

Според британското воено разузнавање, стапката на жртви на ДНР е еквивалентна на околу 55 отсто од нејзините првични сили, што ја нагласува екстремната исцрпеност на руските и проруските сили во Донбас.

Многу е веројатно дека силите на ДПР се опремени со застарено оружје и опрема, а од двете страни, способноста за формирање и распоредување резервни единици на фронтот станува сè поважна за исходот на војната, се вели во извештајот на Министерството.