Малку по полноќ, послаб земјотрес го погоди Загреб. Според сеизмолозите на Хрватската сеизмолошка служба, епицентарот на земјотресот бил во близина на Маркушевац.
– Сеизмолозите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 0 часот и 3 минути забележаа слаб земјотрес со епицентар кај Маркушевац во Загреб.
Земјотресот бил со јачина од 2,8 степени, а интензитетот во епицентарот бил III-IV степен ЕМС. Земјотресот е почувствуван во потесно епицентрално подрачје – соопшти Хрватската сеизмолошка служба.