10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Голем пожар на вториот по големина грчки остров: Вон контрола, наредена е евакуација

Во централна Евбеја, вториот по големина грчки остров, вчера беснееше шумски пожар, поради што властите евакуираа едно село.

Охрабрени од силните ветрови, пожарот се проширил на падините на планинската шума Гаја, а властите наредиле евакуација на селото Кремастос како мерка на претпазливост бидејќи пожарот се приближил на 800 метри од некои куќи.

Околу 70 пожарникари се борат со огнот со помош на девет противпожарни авиони и четири хеликоптери.

Да потсетиме, Евбеја претрпе разорни шумски пожари минатото лето кои уништија околу една третина од шумската покривка, пренесува Хина.

Спонзорирано: