8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Уништени се сите мостови кон северен Доњецк

Сите мостови кон украинскиот град Северен Доњецк, кој се наоѓа на првата линија на источниот фронт, се уништени и не е можна евакуација на цивили, изјави регионалниот гувернер Серхи Гајдаи.

Тој додаде дека се уште има одреден „пристап“ до градот.

Гајдаи на сервисот „Телеграм“ напиша дека Русија не добила целосна контрола над градот и дека „еден дел“ се уште е под контрола на Украина.