13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кај Буча откриена нова масовна гробница: Русите ги мачеле, па ги убиле пукајќи им во глава

Седум тела се пронајдени во нова гробница во близина на Буча, каде што беа откриени тела на бројни цивили по повлекувањето на руската војска од Киев на крајот на март, соопшти киевската полиција.

– Русите овде мачеа седум цивили, а потоа кукавички ги егзекутираа со куршум во глава – напиша на Фејсбук началникот на киевската полиција Андриј Небитов, додавајќи дека на неколку жртви им биле врзани рацете, а колената.

Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руски војници, во близина на селото Мироцкаја „10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“, додаде Небитов, додавајќи дека се работи на идентификување на жртвите.

По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства.

Спонзорирано: