8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Извадил пушка на забава и пукал на гости, жена извадила пиштол и го убила – Спречен масакр во САД

Вооружена жена уби маж кој пукал во гости на забава во Западна Вирџинија.

Во соопштението на полицијата се вели дека жената, која исто така била гостин на забавата, со својата реакција го спречила потенцијалниот масакр, бидејќи извадила пиштол и го убила напаѓачот кој отворил оган од полуавтоматска пушка врз гостите.

Портпаролот на полицијата Тони Хејзелет изјави дека брзата реакција на жената спасила животи.

Овој настан се совпаѓа со националната дебата за оружјето по пукањето во училиште во Тексас, во кое напаѓачот уби 19 ученици и двајца наставници.