20.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Сенатот на САД одобри 40 милијарди долари помош за Украина

Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска го одобри пакетот американска помош за Украина од 40 милијарди долари.

Станува збор за пакет помош одобрен од Претставничкиот дом на САД минатата недела, а одлуката се очекува наскоро да ја одобри и американскиот претседател Џо Бајден.

Пакетот е значително подарежлив од 33 милијарди долари што Бајден првично ги побара од Конгресот во април.

Одобрениот пакет помош вклучува нова воена и економска помош за Украина и пет милијарди долари за помош во глобалниот одговор на растечката криза со несигурност во храната и зголемените цени на храната предизвикани од рускиот напад.

Украина е главен извозник на храна и војната имаше катастрофални последици за глобалните земјоделски пазари.

Во март, Конгресот одобри 13,6 милијарди долари за помош на Украина.