Centar.mk
СВЕТ

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА.

-Веруваме дека офанзивата против Рафа би била неодговорна, рече Шолц вчера, говорејќи на настан на веб-пренос на групата весници RND во Потсдам.

-Предупредуваме на ова и не веруваме дека постои некаков план што на крајот ќе дозволи ова да се случи без огромни жртви од страна на цивилното население, рече канцеларот.

Шолц нагласи и дека Израел има право да се брани и да се бори против палестинската исламистичка група Хамас.

Сепак, тој додаде дека хуманитарната помош треба да стигне и во Газа и да има перспектива за мирен соживот, заснован на решение со две држави./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ЈА ПЛАНИРА ИДНИНАТА НА ДРОНОВИТЕ – Денеска започнува дводневен самит во Брисел

ДЕСК

ВАЖЕН ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ЈУЖЕН СУДАН – Отворен првиот регистар за заболени од рак

ДЕСК

УКРАИНА ПОВТОРНО ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН – Денеска закажан состанок во Њујорк

ДЕСК