8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шведска на 15 мај ќе донесе одлука за НАТО

Шведските социјалдемократи, кои се на власт во таа земја, на 15 мај ќе одлучат дали ќе ја сменат децениската позиција на спротивставување на членството во НАТО.

„Сè уште не е одлучено каква одлука ќе биде донесена. Нашата порака е дека раководството на партијата ќе заземе став на 15 мај“, изјави секретарот на Социјалдемократската партија, Тобијас Баудин, за шведскиот јавен радиосервис.

Руската инвазија на Украина предизвика итен преглед на безбедносната политика и во Шведска и во Финска. Се очекува оваа недела и финскиот претседател Саули Нинисто да објави дека го поддржува пристапот на Финска во НАТО.

Обраќањето на Нинистo може да предизвика неколку интензивни недели во кои може да се смени картата на безбедносната архитектура на северна Европа.

Ова преиспитување и промена на ставот за членството на Шведска во НАТО речиси сигурно води кон пристапување на земјата во Северноатлантскиот сојуз, оценува „Ројтерс“.

Спонзорирано: