5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Се шпекулираше дека е болен и има лоши односи со Путин: Шојгу отвори парада во Москва

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја отвори парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва. Русија ја слави 77-годишнината од победата на Адолф Хитлер над Германија.

Присуството на Шојгу на парадата е интересно поради шпекулациите дека тој нема да се појави на прославата на Денот на победата. Набргу по почетокот на војната во Украина, на 24 февруари, Шојгу долго време беше надвор од очите на јавноста.

Некои шпекулираа дека има здравствени проблеми, додека некои медиуми отидоа чекор понатаму и изјавија дека постои можност Путин наводно да го ликвидирал поради неговиот неуспех во Украина и поради лошите односи.

Шојгу се помоли, стави војничка капа и потоа традиционално ги поздрави сите војници кои учествуваат на овогодинешната парада. После тоа тој се упати кон централната трибина, каде поднесе извештај до рускиот претседател Владимир Путин.

Спонзорирано: