23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илон Маск: Ако умрам под мистериозни околности…

Идниот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, на социјалните мрежи зборуваше со загрижувачки тон.

Добивај вести на вибер
Познат по тоа што предизвикува бура со своите твитови, тој денеска предизвика уште една по твитот во кој зборува за својата смрт под мистериозни околности.

„Ако умрам под мистериозни околности, беше добро што ве познавав“, напиша тој на „Твитер“ нешто повеќе од една недела по објавувањето дека дека го купил „Твитер“.

Милијардерот ја сподели и причината за овој твит: порака што директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, наводно, ја испратил до руските медиуми. Имено, Рогозин го нападнал Маск и му упатил скриена закана наведувајќи дека милијардерот им обезбедил на Украинците опрема за комуникација.

Рогозин рече дека заробениот полковник на украинските маринци, Дмитриј Кормјанков, изјавил оти украинските војници во Мариупол добивале средства за комуникација преку Маск.

„Интернет-терминалите ‘Старлинк’ на Илон Маск им беа доставени на милитантите на нацистичкиот баталјон ‘Азов’ и на украинските маринци во Мариупол со воени хеликоптери. Според нашите информации, испораката на опремата ‘Старлинк’ ја организирал Пентагон“, наводно напишал шефот на „Роскосмос“.

„Затоа Илон Маск е вклучен во снабдувањето на фашистичките трупи со воена опрема. И за ова, Илон, ќе бидеш одговорен како возрасен, без разлика колку се правиш дека си луд“ му порачал Рогозин.

Проектот „Стралинк“ има цел да обезбеди брз интернет достапен во светот и е активен во Украина по барањето на земјата од рускиот напад кон крајот на февруари.

Спонзорирано: